Белгијка го прослави своето пензионирање: Почасти 68 членови на семејството со патување

Сподели со своите пријатели

Магда Веркамер (67) од белгискиот град Оуденарде го прослави своето пензионирање почастувајќи 68 членови на семејството со патување во Тунис кое чинело најмалку 70.000 евра.

Минатата недела таа организирала патување на островот Џерба во Тунис за целото свое семејство, со аранжман „ол инклузив“, наведувајќи дека нејзините пари на крајот сепак ќе им одат и затоа сега сака да ужива со нив, објави VRT.

„Беше навистина фантастично“, рече Веркамер, истакнувајќи дека не сите членови на нејзиното семејство можеле да патуваат во Тунис, бидејќи некои од нив имале универзитетски предавања, додека други живееле во Америка или не можеле да патуваат од здравствени причини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакери ја расипуваат храната и ги загрозуваат залихите од крв: Дали започна тајна АИ војна?

Таа рече дека во Тунис во текот на денот секој правел што сакал, но дека имала едно барање, а тоа било сите да бидат заедно на масата во 18:30 часот.

Таа работела како раководител на службата за социјална работа во здравственото осигурување ЦМ, била директор на дом за стари лица во Гент и комерцијален директор за областа за грижа за стари лица во Цеви.

Веркамер организирала и патување за целото семејство пред 13 години, кога наполнила 55 години, а тогаш 56 роднини биле почестени.