Куманово вечерва ќе слави 507 години постоење со голем концерт на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Голема музичка вечер го очекува Куманово! Градскиот плоштад вечерва, ќе биде центарот на забавата по повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на градот, со мега концерт на кој ќе настапат познати македонски музички имиња, како и локални изведувачи.

Концертната програма започнува во 19:30 часот, а публиката ќе има можност да ужива во настапите на Next Time, Young Dadi, Bardhi, Brass Brothers, Анастасија Спасевска, Марио Арангеловски, Чапај, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Лука Чомбе, Драгана Јовановска и Филип Александровски.

 

 

Музичката вечер ќе биде поделена во неколку програмски блока, а отворањето е резервирано за домашните музички изведувачи предводени од групата Солушн, со што ќе им се даде простор и на локалните таленти да бидат дел од празничната прослава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 21-годишен кумановец, нападнал обезбедување во казино

Потоа следуваат настапите на Young Dadi и Bardhi, кои се очекува да ја раздвижат помладата публика, додека третиот дел од програмата ќе го одбележат Brass Brothers од Битола, познати по своите изведби на домашни и светски музички хитови со дувачки инструменти.

За големото финале се резервирани Next Time, кои ќе бидат главните музички ѕвезди на вечерта.

Концертот е во организација на Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Граѓаните се поканети вечерва да излезат на градскиот плоштад и заеднички, со музика и добра атмосфера, да го одбележат празникот на својот град.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23 уметници на јубилејната 70. изложба по повод Денот на ослободувањето на Куманово