Марин Ле Пен убедливо води во анкетите пред претседателските избори во Франција

Сподели со своите пријатели

Француската крајнодесничарска политичарка Марин Ле Пен и лидерот на крајната левица Жан-Лик Меланшон ги зајакнаа своите позиции во анкетите на јавното мислење пред претседателските избори следната година.

Најновата анкета покажува дека двајцата имаат најголема поддршка од гласачите, во време кога политичката поларизација во Франција се продлабочува.

Според анкетата на „Толуна Харис Интерактив“, спроведена од 3 до 5 ноември, Марин Ле Пен би освоила помеѓу 34 и 36 проценти од гласовите во првиот круг од претседателските избори.

Резултатите се слични на оние од октомври, кога нејзината поддршка беше помеѓу 35 и 37 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Њу Делхи се задушува во смог, огнометите дополнително го влошија опасното загадување

Жан-Лик Меланшон, кандидатот на крајнолевичарската партија Неосвоена Франција (LFI), според сите пет разгледани изборни сценарија, би се пласирал во вториот круг, со поддршка од 18 до 19 проценти од гласачите.

Ниту еден од другите потенцијални кандидати не надминува десет проценти поддршка.

Ле Пен би освоила 68 проценти од гласовите во вториот круг

Според резултатите од истражувањето, во евентуален втор круг помеѓу Ле Пен и Меланшон, лидерката на крајната десница би освоила 68 проценти од гласовите, додека нејзиниот противник би добил 32 проценти.

Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон завршува, а францускиот претседател, чија популарност значително се намали, остава зад себе ослабен политички центар и економија соочена со сериозни проблеми, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оваа годна е на пат да стане една од четирите најтопли досега

Ваквите околности отвораат дополнителен простор за политички партии со порадикални ставови, додека традиционалните политички сили се соочуваат со сè поголеми предизвици.

Меланшон досега три пати се кандидираше за претседател на Франција, во 2012, 2017 и 2022 година, но никогаш не успеа да стигне до вториот круг.

А Марин Ле Пен учествуваше на сите три претходни претседателски избори.

За разлика од Меланшон, таа успеа двапати да влезе во вториот круг, во 2017 и 2022 година, но двата пати загуби од Емануел Макрон.