Пожар во повеќекатница во Кина: Најмалку 14 лица загинаа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 лица загинаа во пожар што избувна во повеќекатна станбена зграда во Тајјуан, главниот град на северната кинеска покраина Шанкси, објави денес официјалната новинска агенција Ксинхуа, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Државните медиуми, повикувајќи се на надлежните органи, објавија дека 25 лица се уште се во болница, од кои девет се сериозно повредени.

Пожарот избувна во недела навечер во зграда лоцирана на прометна главна улица во центарот на градот.

Густ чад се издигаше над 40-катната зграда додека пожарникарите од кранските платформи пред зградата се обидуваа да го изгаснат пламенот што се ширеше од центарот на зградата, според видеа објавени на интернет и потврдени од Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио во Париз: Сојузниците сакаат да знаат што планира Трамп по поразот на републиканците

Пожарот беше изгаснат по околу два часа, а властите соопштија дека спасувачките операции се завршени до 20:30 часот. Вкупно 38 лица се пренесени во болница.

Властите ја истражуваат причината за пожарот во овој индустриски центар во северна Кина, додадоа државните медиуми.