МКК Куманово денеска му гостува на ТФТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на гостински терен ќе ги одмерат силите против составот на ТФТ од Скопје во рамки на 6. коло од домашната Суперлига.

Избраниците на тренерот Марин Докузовски имаат три победи од досегашните натпревари што ги позиционира во горниот дел од табелата, додека ТФТ има само две и моментално е на претпоследното место.

Но, тоа не значи дека кумановци ги очекува лесен натпревар, затоа што ТФТ има добра и агресивна игра, која може да биде тешка за следење.

Од друга страна пак и кумановци се консолидираа, па на последниот натпревар против Кожув покажаа дека можат да играат квалитетна одбрана и да доминираат на паркетот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  27-годишник од кумановско возел без дозвола, полицијата го привела

Во секој случај публиката во „Јане Сандандански “ денеска ќе има можност да проследи возбудлив натпревар.

Мечот започнува во 19 часот, со кој ќе се затвори и шестото коло од Суперлигата.

Никола Ивановски