Делови од Куманово денеска без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 14:30 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Милан Лисица“, „Осогово“, дел од улицата „Србо Томовиќ“, како и дел од улицата „11 Ноември“ односно пред мостот за населбата Бедиње.

Во период од 08:30 до 14:30 часот денеска без струја ќе биде и селото Јачинце.

Задутре пак од 08:30 до 15:00 часот поради реконструкција на НН вод без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во селото Романовце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, па температури и до 19 степени

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски