Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, па температури и до 19 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу петтиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од Куманово денеска без струја

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 12 степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево време со мала обалчност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 15 степени целзиусови.

Сончево и релативно топло за овој период од годината, ќе биде во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  27-годишник од кумановско возел без дозвола, полицијата го привела

 

 

И во петок ќе имаме релативно топло време со сонце и мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 45 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 19 степени целзиусови.

Сабота носи променливо време со услови и за сончеви периоди, но и за дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, а максимумот ќе достигне до 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 21-годишен кумановец, нападнал обезбедување во казино

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северисток, а температурата ќе се движи од минимални четири до максимални 11 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела носи повеќе дожд.

Никола Ивановски