Италија ќе ги казнува возачите што возат премногу бавно

Сподели со своите пријатели

Италија наскоро би можела да ги санкционира возачите што возат премногу бавно на одредени делници, со казни до 160 евра, објавија медиумите во петокот.

Мерката за поголем проток на сообраќај првично треба да се однесува на автопати со вкупно шест сообраќајни ленти, а наскоро треба да стапи во сила, објавија италијанскиот правен портал Брокарди и швајцарскиот портал Блу њуз.

Се предлага минимална брзина од 100 километри на час во левата лента, на делници со најмалку три ленти во секоја насока, пишува dpa.

Исклучоци се прават во случаи кога сообраќајните знаци диктираат различна брзина или околностите бараат побавно возење, вклучувајќи густа магла, обилен дожд, сообраќајни несреќи, патни работи или сообраќајни метежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Торино утре протест против високите трошоци за живот и вооружување

Одредбата за казни во износ од 40 до 160 евра е дел од нацрт-законот за нов сообраќајна безбедност одобрен од италијанската влада во октомври и испратен во парламентот, каде што се чека конечниот текст.

Милиони туристи поминуваат низ италијанските автопати секоја година.

Пред две години, приближно 40,7 милиони странски посетители пристигнале со автомобил, што претставува речиси 46 проценти од сите меѓународни пристигнувања, според податоците на италијанската агенција за заштита на животната средина ISPRA.