Земјотрес со јачина над 6 степени ја погоди Јапонија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денес го погоди брегот на јапонскиот регион Канто, а беше почувствуван дури до Токио.

Досега не се пријавени штети и не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот, кој беше регистриран во 19:39 часот по локално време, се случил источно од регионот Канто, на длабочина од 10 километри под епицентарот, соопшти Јапонската метеоролошка агенција на својата веб-страница.

Земјотресот предизвикал потрес со јачина од три степени според јапонската скала за сеизмички интензитет, која се движи од нула до седум, што значи дека „скоро секој што е внатре го чувствува потресот“ и дека „садовите на полиците може да се тресат“, соопшти јапонската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Торино утре протест против високите трошоци за живот и вооружување