Шеесет и шестгодишник од липковско доби кривична пријава под сомнение дека впишувал фиктивни бракови на странски државјани.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа за водење на матични книги, месна заедница во с. Слупчане, внесувал невистинити податоци и изготвувал невистинити изводи за странски државјани, прикажувајќи дека наводно склучиле брак пред пријавениот.
Никола Ивановски

