Бројот на жртви од рускиот напад во Запорожје се зголеми на 53, се стравува дека има уште затрупани

Сподели со своите пријатели

Телата на 53 лица беа извлечени од урнатините на подземно училиште во селото Комишуваса, Запорожје во Украина, кое беше нападнато од руските сили на 2 ноември, додека уште педесет лица се водат како исчезнати, објави денес Украинската државна служба за вонредни ситуации.

Портпаролката на службата во Запорожје, Јулија Баришева, изјави дека потрагата сè уште е во тек, објави Укринформ.

Спасувачите од Запорожје и другите региони, како и тимови со кучиња-трагачи, работат на местото на нападот.

Спасувачките екипи се транспортираат со оклопни возила, а нивната работа е отежната од постојаната закана од гранатирање и нови напади, поради што спасувачките активности повремено се прекинуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Европа не може да се договори кој ќе ја претставува

Потрагата е дополнително отежната од големата количина прашина, а кучиња-помошници ја пребаруваат областа за да ги пронајдат телата и остатоците од жртвите.

На 2 ноември, руските сили нападнаа образовна институција во градот Комишувас.

Според началникот на Државната служба за вонредни состојби Андрије Даник, руските сили нападнале образовна институција во една од населбите во округот Запорожје, а кога спасувачите и полицајците пристигнале на местото на нападот, постоела закана од уште еден напад, поради што членовите на спасувачките екипи се засолниле.

Руските сили, сепак, повторно го нападнале истото место.

Во повторените напади, уништени се спортската сала и помошниот објект, оштетена е зградата на образовната институција, а уништено е и противпожарно-спасувачкото возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНКЕТА: На Путин му веруваат 77,5 отсто од руските граѓани

Според украинските медиуми, станува збор за училиште, чија зграда се користела како засолниште и каде што се делела хуманитарна помош, пренесува Танјуг.