Мнозинството руски граѓани, 77,5 проценти, имаат доверба во рускиот претседател Владимир Путин, додека 71,6 проценти од испитаниците ја одобруваат неговата работа како шеф на државата, според резултатите на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), кои беа објавени денес.
Недоверба кон Путин изразија 17,4 проценти од испитаниците, додека 17 проценти не ја одобруваат неговата работа како претседател на Русија, пренесува РИА Новости.
45,4 проценти од испитаниците ја одобруваат работата на руската влада, додека 20,4 проценти имаат спротивно мислење.
55,6 проценти од граѓаните му веруваат на рускиот премиер Михаил Мишустин, додека 20,4 проценти рекле дека не му веруваат.
На прашањето за која партија би гласале доколку парламентарните избори се одржат следната недела, 31,9 проценти од испитаниците ја навеле Единствена Русија, 14,5 проценти Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), 10,9 проценти Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), 10,1 процент Новата народна партија и 5,3 проценти Праведна Русија.
Анкетата на ВЦИОМ е спроведена од 26 октомври до 1 ноември меѓу 1.600 граѓани на Русија над 18 години, користејќи комбиниран метод, при што половина од испитаниците биле анкетирани преку телефон, а другата половина користеле метод на примерок по однапред одредена рута.
Максималната грешка во примерокот е 2,5 проценти.

