Голема полициска акција во Куманово против организирана криминална група

Сподели со своите пријатели

Голема полициска акција од утринава се спроведува во Куманово, а како што јавуваат дел од медиумите, станува збор за сузбивање на организирана криминална група.

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што јавува Телевизија Сител, според првичните неофицијални информации, станува збор за криминална група составена од лица познати на кумановската криминална сцена, кои подолг временски период наводно се занимавале со изнуда, лихварство и перење пари.

Се сомнева дека групата користела насилство, закани и уцени за стекнување противправна имотна корист.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

Полициски претреси се вршат на повеќе локации поврзани со осомничените, а предмет на проверки се и нотарска канцеларија и менувачница, поради сомневања за нивна можна поврзаност со криминалните активности.

Неофицијално, при досегашните претреси се пронајдени парични средства, возила и документација кои би можеле да бидат значајни за истрагата.