Ракометарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат сотавот на ГРК Охрид во рамки на 8. коло од домашната Суперлига.
Кумановци ги очекува сериозен предизвик против квалитетниот состав на Охрид, екипа која располага со голем ракометен потенцијал и високи амбиции во домашното првенство.
Сепак, од МРК Куманово велат дека пред својата публика ќе настапат со желба да одиграат максимално ангажирано, да ја покажат својата борбеност и да се обидат да стигнат до позитивен резултат.
Од досега одиграни осум натпревари, охриѓани имаат шест победи, наспроти само една победа на домашниот тим од исто толку средби од почетокот на првенството.
Утрешниот меч се игра од 18:30 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Никола Ивановски

