Без струја денеска три кумановски села

Сподели со своите пријатели

Три кумановски села денеска ќе останат привремено без напојување со електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Електродистрибуција, во период од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има во селото Јачинце.

Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од селото Габреш.

Без напојување во период од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат и корисниците од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Со какво време ќе заврши октомври?