Јордан: Над 20 членови на Исламска држава во Сирија убиени во нападите

Сподели со своите пријатели

Јорданските воздухопловни сили убија повеќе од 20 членови на Исламска држава во нападите на југот на Сирија, објави денес јорданскиот министер за комуникации во владата, Мохамед ал-Момани.

' + '' ); }

Тој изјави дека нападите, извршени во координација со Дамаск, имале за цел да се избегнат познати цивилни области, објави Ројтерс.

Сириските власти објавија во прелиминарен извештај објавен синоќа дека седум лица, меѓу кои три деца и една жена, се убиени во јорданските напади, пренесува Танјуг.

Јорданските воздухопловни сили синоќа извршија напади врз, како што наведоа, скривалишта на милитантите во јужна Сирија, тврдејќи дека осомничените за смртоносниот напад врз црква во Јордан минатата недела биле поврзани со „терористички групи“ што дејствуваат таму.