Смртоносно торнадо во Турција: Четири работници загинаа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Четири градежни работници загинаа, а еден е повреден во торнадо што го зафати турското одморалиште Анталија, соопштија локалните власти.

„Во текот на ноќта, торнадото проголта два контејнери во кои се наоѓаа градежни работници во областа Кепез“, се вели во соопштението.

 

 

Метеоролошките служби вчера издадоа предупредување за поплави и бури за Анталија.

Според метеоролозите, обилните дождови ќе престанат во петок, 30 октомври, а следниот ден повторно ќе врне.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц ги повикa ЕУ и Азија на посилни трговски врски