Се реконструира објектот на Противпожарната единица во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е реконструкција и унапредување на објектот во кој е сместена Територијалната противпожарна единица – Куманово, со цел подобрување на условите за работа и престој на пожарникарите.

Како што информира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во рамки на реконструкцијата се предвидени повеќе зафати за модернизација и подобрување на инфраструктурата во објектот.

 

 

Се поставуваат нови врати и ПВЦ-прозорци, се реконструира бифето, а се обновуваат и спалните соби, кои ќе добијат нови кревети.

Предвидено е и поставување клима-уреди, метални ормари за чување на противпожарните униформи, нов канцелариски материјал и нови олуци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  62-годишен кумановец возел мотокултиватор без дозвола, полицијата го привела

 

 

Дополнително, во наредниот период се очекува реконструкција и на спортската сала во состав на објектот.

Со овие активности се подобруваат условите во просториите што ги користат кумановските пожарникари, кои секојдневно се ангажирани во справување со пожари и други итни ситуации.

 

 

Активностите се реализираат преку проект на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, со поддршка и од општествено-одговорни компании од градот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски