Тенисерот на ТК Тумба од Куманово, Алексеј Стојановски, ја освои шампионската титула на завршниот мастерс за јуниори до 18 години, кој на 24 и 25 октомври се одржа на терените на ТК Поинтер во Скопје.
Стојановски одигра одличен турнир, а во финалето го совлада Даријан Пановски од ТК Југ Скопје со 2:1 во сетови, односно 4:6, 7:5, 6:2, со што го потврди својот квалитет и стигна до победничкиот пехар.

Финалниот натпревар донесе голема борба и неизвесност.
По загубениот прв сет, Стојановски успеа да направи пресврт, освојувајќи ги следните два сета и заслужено стигнувајќи до титулата.

Од ТК Тумба му честитаа на својот тенисер за освоеното прво место, а упатија честитки и до финалистот Пановски за прикажаната игра и фер-плејот.
Никола Ивановски

