Приведен 35-годишен кумановец, нападнал полициски службеник

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчера поради физички напад врз полициски службеник.

– На 25.10.2026 во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.И. (35) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал на службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово започна вакцинацијата против сезонски грип, обезбедени 1.600 дози (ВИДЕО)