Општина Куманово организира три буџетски форуми на кои граѓаните ќе можат да ги претстават своите предлози и потреби за креирањето на општинскиот буџет за 2027 година.
Форумите ќе се одржат во Занаетчискиот дом, на 28 и 30 октомври и на 3 ноември, со почеток во 12 часот.
На првите два форума, закажани за 28 и 30 октомври, граѓаните ќе имаат можност да изнесат свои идеи, предлози и приоритети што би можеле да бидат вклучени во буџетот на Општина Куманово за следната година.
На третиот форум, кој ќе се одржи на 3 ноември, ќе се спроведе финална селекција и рангирање на предложените проекти.
Од Општина Куманово ги повикуваат граѓаните активно да се вклучат во процесот и да ги споделат своите потреби, предлози и забелешки во повеќе области, меѓу кои економијата, инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, животната средина, културата и спортот.
Целта на буџетските форуми е да се овозможи поголемо учество на граѓаните во одлучувањето за општинските приоритети и во креирањето на буџетот за 2027 година.
Активностите се организираат во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт (NDI).
Никола Ивановски

