Неделна прогноза за Куманово: Променливо време, температурите во благ пад

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне по одделникотлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа должПовардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

Температурата во утринските часови ќе се движи околу вториот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 12 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до засилен ветер од север, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 10 степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Листата на Алексадар Вучиќ победи на гласањето во Куманово

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седмиот степен, а максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.

 

 

Во петок ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

Сабота носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

И во недела ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до петтиот степен, а максимумот ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски