Ракометарите на Куманово денеска во Кавадарци го играат 8. коло од ракометната Суперлига, против составот на Тиквеш.
Кумановци се подготвени да го остават срцето на теренот, да се борат за секоја топка и да покажат карактер, тимски дух и победнички менталитет!
– Против силниот домаќин во Кавадарци, нашиот тим ќе бара максимум од секоја минута, со една цел – да одигра храбро, одговорно и да се врати со позитивен резултат, велат од клубот.
Мечот стартува од 18:00 часот во Спортската сала „Јасмин“.
Никола Ивановски

