Смртоносно лето во Европа: Повеќе од 50.000 мртви

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 50.000 луѓе починаа во Европа поради екстремна топлина ова лето, објави Институтот Грантам на Империјал колеџ во Лондон.

Извештајот проценува 50.391 смртни случаи поврзани со топлина во 854 градови од јуни до август.

Кој бил најмногу изложен на ризик за време на екстремната топлина?

Вкупниот број на жители во 854 европски градови вклучени во истражувањето се проценува на 173 милиони. Највисока стапка на смртност е забележана кај луѓе над 85 години.

Регионално, Северна Европа имала најниска стапка на смртност, а јужните делови на континентот имале највисока, според истражувачите, пренесува Срна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван се подготвува за тајфунот Чампи, ветровите би можеле да достигнат брзина од 150 километри на час

Тие проценуваат дека сегашните температури во Европа се во просек околу 2,5 степени Целзиусови повисоки отколку што би биле во сценарио без глобално затоплување предизвикано од човекот.

Истражувачите пресметале дека приближно една третина од сите вишок смртни случаи се случиле помеѓу 17 јуни и 1 јули.

Колку посмртоносно било летото 2026 година од претходното?

За споредба, бројот на смртни случаи поврзани со топлина во 2025 година беше речиси половина од тоа, на 24.500.

Студијата се фокусираше исклучиво на урбаното население, кое сочинува околу 40 проценти од вкупното население во 30-те анализирани земји.

Авторите на студијата сугерираат дека летото 2026 година беше најопасното во европската историја во однос на ризиците поврзани со топлината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарка пренела 45.000 евра преку граница, ги спакувала во јакна и ги оставила до контејнер. По 9 дена сфатила дека е измамена!