Куќа во сопственост на 26-годишник од Куманово ноќва била зафатена од пожар.
– На 18.10.2026 во 00:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека настанал пожар во куќа на улица „Драги Шутевски“ во Куманово, сопственост на И.С.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

