Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС) Куманово започнаа општинските лиги во кошарка и одбојка за учениците од осмо и деветто одделение, во кои учествуваат вкупно 13 екипи од основните училишта во градот.
Општинската лига во кошарка во машка конкуренција започна на 14 октомври, кога беше одиграно првото коло од натпреварувањето.

Во лигата учествуваат шест основни училишта од Куманово, а предвидено е да се одиграат вкупно пет кола.
Најуспешната екипа ќе обезбеди пласман во следната фаза, односно на зонските натпревари.

Паралелно започна и општинската лига во одбојка за девојчиња од осмо и деветто одделение, во која учествуваат седум основни училишта.
Натпреварувањето ќе се одвива во шест кола, по што победничката екипа ќе продолжи на зонско ниво.

Во првото коло од одбојкарската лига беа одиграни три натпревари.
Победниците од двете општински лиги ќе го претставуваат Куманово на зонските училишни натпревари.







Никола Ивановски

