МРК Куманово утре го пречекува Младост Богданци

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре на домашен терен ќе го пречекаат составот на Младост Богданци во рамките на домашниот шампионат.

Кумановци ќе имаат можност да дојдат до првата победа од почетокот на оваа сезона, а во тоа очекуваат поддршка и од домашната публика.

– Нашите ракометари со максимална мотивација, тимски дух и огромна желба за успех влегуваат во овој натпревар, подготвени да го остават срцето на теренот и да се изборат за нов позитивен резултат, велат од клубот.

Од досегашните шест одиграни натпревари МРК Куманово има само еден нерешен меч од кој запишаа еден бод кој во моментов ги позиционира на последната позиција од табелата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  62-годишен кумановец излетал со багер и удрил во ограда од куќа

Никола Ивановски