Две населени места во кумановско денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 15:00 часот денеска прекини ќе има кај корисниците во населбата Карпош, поточно месноста Никуљски пат.
Во истиот период прекини се најавени и за дел од селото Умин Дол.
Станува збро за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

