Од утре започнува подготовка за асфалтирање на улицата „Моша Пијаде“

Сподели со своите пријатели

Од петок, 16 октомври, започнува подготовката за асфалтирање на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, на потегот од кружниот тек кај булеварите „3-та МУБ“ и „Октомвриска Револуција“ до улицата „Пиринска Македонија“.

Според известувањето на Општина Куманово, градежните активности ќе се одвиваат до крајот на следната недела, во рамки на реализацијата на проектот финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски.

Од Општина Куманово апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила на делницата каде што ќе се изведуваат градежните работи, со цел да се овозможи нивно безбедно и непречено одвивање.

Се очекува граѓаните да ги почитуваат препораките за да се избегнат пречки во работата на изведувачот и да се овозможи навремено спроведување на предвидените активности.

Никола Ивановски