ТК Тумба од Куманово за првпат шампион на Македонија до 16 години

Сподели со своите пријатели

Тенискиот клуб Тумба од Куманово го постигна најголемиот екипен успех во својата историја, освојувајќи ја шампионската титула на Македонија на Екипното првенство за јуниори до 16 години, кое се одржа од 10 до 12 октомври на терените на ТК Југ во Скопје.

Кумановските тенисери до титулата стигнаа по драматично финале против домаќинот ТК Југ – Скопје, во кое славеа со 2:1. Победникот беше решен во третиот, одлучувачки меч во двојки, по неизвесен супер тај-брејк.

 

 

На патот до финалето, екипата на ТК Тумба ги совлада Тениската академија Аеродром и втората екипа на ТК Југ, со што го потврди квалитетот и тимскиот дух на младите тенисери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од својот братучед

 

 

Шампионскиот состав на ТК Тумба го сочинуваа Алексеј Стојановски, Марин Стефановски, Стефан Дебрешлиевски и Марко Дебрешлиевски.

 

 

Со оваа победа, ТК Тумба за првпат во историјата го освојува екипниот шампионат на Македонија во оваа возрасна категорија, успех со кој младите тенисери му донесоа голема гордост на Куманово.

 

Никола Ивановски