Вечерва започнува Џез фестивал во Куманово во чест на Филип Стевановски

Сподели со своите пријатели

Музиката, сеќавањето и хуманоста ќе бидат во фокусот на тридневниот џез фестивал „10 години звук, 10 години емоција“, посветен на трагично починатиот музички виртуоз Филип Стевановски, кој ќе се одржи од вечерва до 15 октомври во Занаетчискиот дом во Куманово.

Манифестацијата ја организира ИНОКС – Институт за наука, уметност, култура и спорт, со цел преку музиката да се оддаде почит на ликот и делото на Стевановски.

Фестивалот има и хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам, во рамките на поддршката за музиката и музичко-сценската дејност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Депонијата „Краста“ деблокирана, продолжува собирањето на сметот во Куманово

Се реализира под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Преку трите фестивалски дена, музиката ќе биде начин да се зачува споменот на Филип Стевановски, но и да се испрати порака на солидарност со семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Никола Ивановски