Владиниот врв предводен од премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Спомен Костурница во Куманово на чествувањето на Денот на народното востание.
Како што информираат денеска од Владата, во 12 часот ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Идеали што градат иднина“ на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Македонија утре одбележува 85 години од народното востание, а во Куманово ќе биде центрланата манифестација.
Во рамки на посетата на Куманово, според засега непотрврдени информации премиерот Мицкоски заедно со градоначалникот Максим Димитриевски ќе ја посетат и изложбата на воена опрема и оружје на градскиот плоштад во организација на Армијата на Република Македонија.
Никола Ивановски

