Куманово утре под посебен сообраќаен режим

Сподели со своите пријатели

Повеќе улици во Куманово утре ќе бидат затворени за сообраќај поради одбележувањето на Денот на востанието – 11 Октомври.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, сообраќајот ќе биде во прекин од 09:00 до 14:00 часот на делови од улиците „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“, „Трета македонска ударна бригада“ и „Ѓорче Петров“.

Полициските службеници ќе преземаат мерки за регулирање и пренасочување на сообраќајот, а од СВР Куманово апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово со богата спортска програма за „11 Октомври“

Според засега непотврдени информации, државниот врв предводен од премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на чествување на празникот токму во Куманово.

Никола Ивановски