Затворање на повеќе улици во Куманово во недела поради одбележувањето на „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Повеќе улици во Куманово ќе бидат затворени за сообраќај во недела, на 11 октомври, поради одбележувањето на Денот на востанието – 11 Октомври.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, сообраќајот ќе биде во прекин од 09:00 до 14:00 часот на делови од улиците „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“, „Трета македонска ударна бригада“ и „Ѓорче Петров“.

Полициските службеници ќе преземаат мерки за регулирање и пренасочување на сообраќајот, а од СВР Куманово апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Серискиот убиец Трајко Бојковски осуден на доживотен затвор!

Според засега непотврдени информации, државниот врв предводен од премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на чествување на празникот токму во Куманово.

Никола Ивановски