Приведен 43-годишник од Куманово, возел мотокултиватор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотокултиватор без дозвола.

– На 07.10.2026 во 10:20 часот на улица „Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.С.(43) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил запрен мотокултиватор при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  24-годишник од Куманово возел мотор без дозвола, полицијата го привела