Институциите во Куманово со заедничка акција за превенција од дрога кај средношколците

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово, ЈЗУ Општа болница Куманово и Секторот за внатрешни работи Куманово ќе спроведуваат заеднички активности за превенција од употреба на дрога и други психотропни супстанции кај младите.

Како што соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска во Општина Куманово бил потпишан Меморандум за соработка меѓу трите институции, во рамки на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, донесена од Советот на Општина Куманово.

 

 

Меморандумот го потпишале Димитриевски, директорот на ЈЗУ Општа болница Куманово, Сашо Стошевски, и началникот на СВР Куманово, Никица Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово отворен првиот фестивал на кинески филм (ФОТО)

Со соработката се предвидува заедничко дејствување насочено кон превенција и намалување на социо-здравствените ризици кај младите, со посебен акцент на учениците од средните училишта на територијата на Општина Куманово.

 

 

Во фокусот ќе биде превентивна кампања посветена на опасностите од употребата на дрога и други психотропни супстанции, преку која средношколците треба да добијат информации за ризиците и последиците од нивната употреба.

„Нашата обврска е да создаваме безбедна средина за младите, да ги информираме и навремено да ги заштитиме од ризиците кои можат да го загрозат нивното здравје и иднина“, наведува Димитриевски.

 

 

Од Општината посочуваат дека превенцијата е заедничка одговорност на институциите, со цел младите да бидат подобро информирани и заштитени од ризици кои можат да влијаат врз нивното здравје и иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца повредени при судир на мотоцикл и „сеат“ на патот Куманово – Свети Николе

Никола Ивановски