59-годишен кумановец се заканувал на мајка си, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишник од кумановско бил приведен вчера по пријава дека бил агресивен и се заканувал на својата мајка.

– На 06.10.2026 во 12:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(59) од кумановско село затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Превентивна акција на СВР Куманово против користењето телефони во сообраќајот (ФОТО)