Владимир Путин денеска полни 74 години, пристигнуваат честитки од лидерите

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денес полни 74 години, а неговиот распоред за роденден вклучува серија телефонски разговори со странски лидери, според помошникот на претседателот Јуриј Ушаков.

Путин веќе добил бројни писмени честитки, вклучително и од кинескиот претседател Си Џинпинг, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за шефот на државата, роденденот ретко е целосен празник, објави РИА Новости.

И белорускиот претседател Александар Лукашенко му го честиташе роденденот на Путин и изрази благодарност за неговата посветеност на зајакнување на врските меѓу Москва и Минск, наведувајќи дека интензивниот политички дијалог, трговската и економската соработка и заедничките проекти ја потврдуваат аспирацијата на двете земји кон изградба на федерална држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стравот од чума расте: Три земји воведоа мерки, Трамп закажа разговор со Путин

На Путин му го честиташе и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој во телеграма нагласи дека Русија под водство на Путин ја покажа својата позиција како „просперитетна земја“.