Вечерва се затвора 29. издание на МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, вечерва се затвора 29. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“, вечерва ќе бидат доделни и наградите во неколку категории за најдобрите претстави кои годинава учествуваа на фестивалот.

Ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија, главна женска и машка улога, споредна женска и машка улога и млад актер. За наградите веќе одлучуваше тричлено жири во саботата навечер откако заврши последната претстава од натпреварувачкиот дел.

Во текот на фестивалските денови настапија вкупно 10 театри од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, а интересот и годинава беше огромен, па сите претстави беа распродадени до последно место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пациент физички нападнал медицински техничар во кумановската болница

Никола Ивановски