Со помош на вештачка интелигенција, украле 95 милиони евра од банка

Сподели со своите пријатели

Со помош на вештачка интелигенција, измамници лажно се претставиле како виши менаџери и украле 95 милиони евра од Фидерам, подружница на најголемата италијанска банка Интеса Санпаоло.

Фидерам се занимава со приватно банкарство, а информациите ги потврдиле два извори запознаени со случајот, пишува Ројтерс.

Повеќе од половина од парите потоа биле вратени, додека околу 36 милиони евра сè уште се бараат.

Како е извршена измамата?

Измамата започнала во февруари, кога тогашниот извршен директор на Фидерам, Паоло Молесини, добил порака на WhatsApp која изгледала дека е испратена од Карло Месина, извршен директор на Интеса Санпаоло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп сака да го укине поместувањето на часовникот: „Ја чини земјата цело богатство“

Во пораката се барала итна помош во врска со доверлива трансакција во странство.

Измамниците потоа се јавиле во Молесини, а повикот наводно го направил виш партнер на добро позната адвокатска фирма, кој ги потврдил упатствата.

Изворите тврдат дека напаѓачите користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на адвокат.

Убеден дека барањето е автентично, Молесини му наложил на финансискиот оддел да изврши серија плаќања на сметки во Кина и Хонг Конг. Интеса Санпаоло и Фидеурам одбија да коментираат за случајот.

Вратени 53 милиони евра

Фидеурам набрзо ги забележал неправилностите и ги информирал банките и надлежните институции во неколку земји.

Благодарение на соработката на властите на Кина, Португалија и Италија, вратени се околу 53 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авион се урна на автопат во Израел (ВИДЕО)

Останатите пари биле изгубени откако биле префрлени преку мрежа на сметки во странство и претворени во криптовалути.

Според изворите, Молесини и другите директори на Фидеурам не се под истрага.

Обвинителството во Милано започнало истрага против странски државјанин кој живее надвор од Европа и е осомничен за компјутерска измама.

Во март, Молесини поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор, наведувајќи лични причини.

Слична измама се случила минатата година, кога напаѓачите го имитирале гласот на италијански министер со помош на вештачка интелигенција.

Потоа го убедиле претприемачот Масимо Морати да префрли речиси еден милион евра на сметка во странство, но парите подоцна биле вратени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Торба под седиштето и куфер до 7 килограми бесплатно: Се менуваат правилата за летови во Европа!