Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел, а оваа одлука е донесена со цел да се одржи стабилна состојба на домашниот пазар на горива.
„Потпишан е декрет со кој се продолжува забраната за извоз на дизел гориво и бродско гориво, како и гасни масла извезени од Русија од директни производители, до 31 октомври 2026 година, вклучително“, се вели во соопштението на руската влада, пренесува агенцијата ТАСС.
Се забележува дека одлуката е донесена со цел да се одржи стабилна состојба на домашниот пазар на горива, вклучително и во контекст на зголемената побарувачка за моторно гориво за време на сезоната на жетва, пренесува Танјуг.
Општата забрана за извоз на гориво во Русија останува на сила до 31 јануари 2027 година.
Сепак, за директните производители на дизел, бродско гориво и гасно масло, ограничувањето беше воведено до 30 септември 2026 година.
Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел до крајот на октомври
Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел за производителите на гориво до крајот на октомври, објави денес владата, додека глобалниот пазар на гориво веќе е оптоварен со прекини во снабдувањето.
Русија постојано го ограничува извозот на бензин и дизел за да го ограничи зголемувањето на домашните цени и да ги ублажи недостатоците предизвикани, меѓу другото, од украинските напади со беспилотни летала врз рафинериите.
Кон крајот на август, Москва ја продолжи забраната за извоз на дизел до крајот на септември, со исклучоци за испораки до земји како што се поранешните советски републики и Монголија врз основа на меѓувладини договори.
Русија, вообичаено втор најголем извозник на дизел во светот по САД, веќе го намали извозот во текот на летото пред да ја воведе забраната.
Цената на дизелот во САД и Велика Британија достигна рекордни нивоа, објави Ројтерс.

