Пиротехника пронајдена во дом на кумановец

Сподели со своите пријатели

Пиротехнички средства пронашла полицијта вчера при претрес во дом на педесет и петгодишник од Куманово.

– На 29.09.2026 во 10:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршија претрес по судска наредба во домот на И.Т. ( 55) од село Табановце, кумановско, при што биле пронајдени пиротехнички средства, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре започнува „Куманово опен“: Ќе се натпреваруваат 80 рекреативци од цела Македонија (ВИДЕО)