Осомничениот сериски убиец Трајко Бојковски призна три од четири убиства за кои се терети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Осомничениот сериски убиец Трајко Бојковски на денешното рочиште во Основниот суд Куманово призна дека извршил три, од четири убиства колку му се ставаат на товар.

На предлог на обвинителството првин како вешто лице сведочеше проф др. Стојан Бајрактаров, специјалист психијатар и форензички психијатар, кој извршил стручен наод за состојбата на обвинетиот Бојковски.

Врз основа на анализата, како што посочи Бајрактаров, обвинетиот нема потреба од толкувач, го разбира македонскиот јазик, но има ограничен фонд на зборови како резултат на емотивна зпоставеност и затоа дава кратки одговори.

 

 

Според вештиот наод, станува збор за лице со ограничени интелектуални капацитети, што е на граница меѓу лесна и нормална интелектуална способност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

– Во почетокот одговараше со кратки одговори, меѓутоа подоцна даваше и описи на определени дејствија. На пример знаеше да го опише настанот кога избегал од куќата на Слоботка затоа што наишла бела кола затоа што знаел дека нејзиниот син има бела кола па претепоставил дека тоа е син ѝ и се исплашил и избегал, појасни вештото лице.

Откако судот врз база на исказот на вештакот одлучи дека Бојковски нема потреба од стручно лице во судската постапка, во согласност со адвокатот му беа потавувани и прашања.

 

 

Обвинетиот Бојковски одговарајќи со кратки „да“ и „не“ одговори дека извршил три убиства, но на прашањата на обвинителот Лапе, имаше конфузни одговори во однос на тоа кои ги убил, а која не.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја неколку локации во Куманово

Се заколна дури и во Алах дека ќе ја говори вистината, а на прашањето на обвинителот дали е од православна вероисповест, не даде конкретен одговор.

 

 

Обвинителот Лапе му читаше дел од прашањата и одговорите од неговиот исказ во Обвинителството, но Бојковски одговараше со „да“ и „не“ и не можеше јасно да се заклучи за кои три жени признава дека ги убил.

– Мислам дека самиот не знаеше кое конкретно кривично дело го негира, а на сите вкрстени прашања фактички одговори потврдно. Анализа на ваквата одбрана ќе дадам во завршните зборови, со оглед дека тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител и за сите други кривични дела постојат други материјални докази со кои се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право, изјави обвинителот Љубомир Лапе по завршување на денешното рочиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишник од Куманово приведен од „Task Force“ единицата против дрога

 

 

Обвинителот смета, дека со ваков тип на одбрана, обвинетиот Бојковски делува во насока да си ја олесни сопствената положба, што бил и заклучок на психијатриската анализа.

Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела – едно кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и за два обида за убиство од истиот квалификуван облик.

Доколку биде прогласен за виновен за квалификуваниот облик на убиство, бидејќи според обвинението со умисла лишил од живот повеќе лица, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Следното рочиште е закажано за 6ти октомври.

Никола Ивановски