Силна експлозија одекна во историскиот дел на Атина! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силна експлозија се случи малку пред 8 часот наутро во дворната зграда во Лисикратус, во Плака, историски кварт во строгиот центар на Атина.

Според првите неофицијални информации, најверојатно се работи за експлозија на природен гас.

 

 

Во инцидентот еден случаен минувач бил полесно повреден од шут, а пожарникарите ослободиле две жени од соседната зграда.

На лице место забележливи се големи оштетувања на објекти и паркирани возила. Присутни се и голем број припадници на итната помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се 5. главни резултати од историската средба меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг: Од трговија до вештачка интелигенција

Експлозијата се случила утрово околу 7 часот и 45 минути.

Истрагата за причините за експлозијата е во тек.