Во завршна фаза е реконструкцијата на УОМО „Панче Пешев“ во Куманово, со која се подобруваат условите за работа и престој на учениците и наставниот кадар.

Како што информира градоначалникот Максим Димитриевски, во рамки на реконструкцијата е извршена санација на кровот, а објектот добива и нова енергетско-ефикасна фасада.

Предвидена е и замена на прозорците со ПВЦ прозорци, како и поставување на нова влезна врата. Во внатрешноста на училиштето се врши варосување, а инсталиран е и нов хидрантски систем.

Од Општината посочуваат дека со реализацијата на овие активности се создаваат подобри, побезбедни и поефикасни услови за учениците и вработените во музичкото училиште.




Никола Ивановски

