Приведен 26-годишен кумановец. Полицијата му пронашла пиштол и куршуми

Сподели со своите пријатели

Пиштол и куршуми пронашла полицијата вчера во дом на 26-годишен кумановец, по што истиот бил приведен.

– На 22.09.2026 во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Д.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  37-годишна кумановка нападната од нејзиниот партнер