Масакр во Дурбан: Вооружени напаѓачи убиле 11 лица, тројца се повредени

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица загинаа, а тројца се повредени во масовно пукање што се случи доцна во ноќта во населбата Квамакута во Дурбан, на истокот на Јужна Африка.

Престрелката се случила во Квамакута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот телевизиски канал e-N-C-A, наведувајќи дека меѓу жртвите има и една бремена жена.

„Жртвите, вклучително и една бремена жена, беа собрани во куќа во средата непосредно пред 23 часот, кога вооружени лица упаднаа на местото и отворија оган“, изјави за медиумите премиерот на провинцијата КваЗулу-Натал, Тамсанка Нтулиза, додавајќи дека две лица го преживеале нападот.

Според првите извештаи, двајца напаѓачи упаднале во станот во кој се наоѓале 14 лица и отвориле оган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Евакуирани згради и затворени улици близу седиштето на ОН поради сомнителен пакет (ВИДЕО)

Во престрелката десет лица загинале на лице место, додека единаесеттата жртва им подлегнала на повредите при транспортот во болница.

Пред да побегнат од местото, напаѓачите го запалиле возилото на сопственикот на домот.

Според соопштението на провинциската полиција КваЗулу-Натал (КЗН), прелиминарните истраги откриле дека некои од жртвите биле под надзор на Полициската разузнавачка служба во врска со сомнителни незаконски активности, чии детали полицијата не можела да ги открие.

„Иако сè уште не е потврден мотивот за пукањето, не може да се исклучи можноста за конфликт меѓу ривалските групи“, се вели во полициското соопштение, а пренесува Танјуг.