Под сомнение за тешки кражби, семејни насилства и злоупотреба на лични податоци, вчера попладне полицијата привела 23-годишен кумановец.
– На 21.09.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.А. (23) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела тешки кражби, семејни насилства и злоупотреба на лични податоци, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, А.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

