Русите по втор пат се обиделе да го соборат авионот што го превезувал Зеленски

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија се обидела двапати со дронови во последните недели да го нападне авионот со кој тој патувал.

– Мојот претседателски авион беше во Молдавија и затоа ја нападнаа Молдавија. Кога се враќавме дома, повторно преку Кишињев, го направија истото, рече тој во интервју за CBS News.

Според него, за време на враќањето од Молдавија претходно овој месец, едно или две беспилотни летала влегле во молдавскиот воздушен простор, што не било пријавено претходно.

Зеленски рече дека го смета инцидентот за дел од стратегијата на Русија да го заплаши него и другите странски лидери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев развива оружје кое би можело да ги промени правилата на играта: Москва има причина да се грижи!

Зборувајќи за нападот со руски дрон врз патнички воз во близина на украинско-полската граница, кога на него биле високи странски функционери, вклучувајќи го и поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, Зеленски изрази мислење дека руските сили знаеле кој патува во тој воз.

– Можеби не знаеле дека има Американци таму, или можеби, напротив, знаеле. Не им верувам. Мислам дека знаеја. Токму затоа што Европејци, Американци, голема делегација беа во тој воз, тие нападнаа, според Зеленски.

Авионот што Зеленски требаше да го користи за да се врати во Украина од Молдавија полета доцна.

Според изворот на украинскиот портал „Суспилне“ од канцеларијата на претседателот на Украина, авионот со Зеленски не бил во воздух во моментот на движењето на рускиот дрон, туку останал на земја додека украинската страна го следела движењето на дроновите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФБИ: Русија подготвува крвав бран атентати и терористички напади низ целиот свет!

Молдавските власти подоцна објавија дека дронот подоцна се урнал и експлодирал на околу 160 километри од меѓународниот аеродром во Кишињев.

Во исто време, молдавските власти не го потврдија претходното тврдење на норвешкиот премиер Јонас Гар Стере дека авионот на украинскиот претседател наводно „за малку избегнал“ да биде погоден од дрон.