Боинг 737 на иранската авиокомпанија „Сепехран ерлајнс“, кој летал од Машхад до Керманшах, морал итно да слета кратко по полетувањето откако наводно гума паднала од едното тркало, предизвикувајќи проблеми со моторот и силни вибрации, објави „Галф њуз“.
Инцидентот се случил кратко по полетувањето на авионот од аеродромот во Машхад.
Пилотот наводно ги информирал патниците за проблем со моторот откако гума паднала од тркалото.
Авионот почнал силно да се тресе, поради што пилотите решиле да се свртат и да се вратат во Машхад, каде што безбедно слетал.
За среќа, никој не е повреден
Силните вибрации наводно оштетиле делови од таванот на кабината и багажниот простор над седиштата.
Имотот на патниците испаднал од преградите, а некои предмети ги погодиле патниците во кабината.
Снимките од внатрешноста на авионот, објавени на социјалните мрежи, покажуваат патници како молат и бараат помош од страв, очигледно верувајќи дека авионот е во сериозна опасност.
Авионот безбедно слета на аеродромот во Машхад. Според првичните информации, ниту еден од патниците не е повреден.
Се вели дека ова е втор неодамнешен инцидент со авион на „Сеперан ерлајнс“ на аеродромот во Машхад.
WATCH: Cabin ceiling falls apart onboard a Sepehran Airlines Boeing 737 after a tire reportedly burst shortly after takeoff from Mashhad Airport causing engine damage and severe vibrations. pic.twitter.com/R7RP1AwZYX
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) September 15, 2026

